Магазин

Кејт Мидлтон доби болки, шесто внуче за Кралицата Елизабета

Кејт Мидлтон доби болки, шесто внуче за Кралицата Елизабета

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон беше примена во болницата „Света Богородица”, Падингтон, Лондон, рано утринава со болки, се вели во соопштението од Кенсингтон Палас. Војвотката од Кембриџ го чека своето трето дете по принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Бебето ќе биде петто на британскиот престол.

36-годишната Кејт беше примена во приватна болница во Сент Марија во центарот на Лондон, каде што се родија четиригодишниот Џорџ и двегодишната Шарлот.

Таа беше придружувана од нејзиниот сопруг, Вилијам, најавија од Кенсингтон палатата. Болницата е помалку од два километри од палатата.

Очекуваното дете ќе биде шесто од внуците на кралицата Елизабета II, која минатата недела наполни 92 години.