Кејт Мидлтон е бремена

Пред неколку месеци странските медиуми започнаа да шпекулираат за бременоста на Кејт Мидлтон, а сега се чини дека сето тоа е вистина. Иако од Бакингемската палата одбиваат да коментираат на бременоста на славната војвотка Кејт веста забрзано почна да се шири по медиумите.

„Неколкумина ми рекоа дека Кејт е бремена, мислам дека за неколку недели тоа и службено ќе го потврдат, изјави за австралиското списание „New Idea“ Џесика Хај, долгогодишна пријателка на Кејт Мидлтон.

Џесика тврдела и дека на телото на Кејт веќе се гледаат промени.

„Лицето и е побуцкасто исто како кога беше бремена со Џорџ. Ја промени и фризурата, можеби за да скрие оти почнува да се дебелее.“

И првата бременост во кралското семејство не можеше долго да ја крие, бидејќи Кејт патела од утрински мачнини поради кои беше и во болница.

Малиот принц Џорџ ќе добие брат или сестра.