Кејт Миделтон (33) би требало да се породи кон крајот на април. Војвотката од Кембриџ терминот за породување го откри на волонтерите на Детскиот центар во Бруклин кој го посети.
Таа рече дека точниот датум со сигурност не го знае, бидејќи со апсолутна сигурност не може да и го кажат ни лекарите.
Иако веќе некое време се зборува дека Кејт носи девојче, таа сеуште не сака да го открие полот на детето. Британските медиуми пишуваа дека таа и принцот Вилијам (32) размислуваат за традиционално име како што е Мери или Елизабет. За доаѓањето на бебето се радува и едноиполгодишниот принц Џорџ.
Кејт и со второто дете ќе се прооди во лондонската болница Света Марија во делот Линдо, кое е посебно уредено за родилки и ноќевањето чини 15.000 долари.
За принцот Чарлс (66) да не се налути што семјството на Кејт минатиот пат имаа можност први да го видат внучето, овој пат него ќе го пуштат прв да ја види Кејт и новороденчето.