Кејт Мидлтон ќе се породи во април

Кејт Мидлтон веќе некое време не беше присутна во јавноста поради утринската мачнина и проблематичната бременост. Сепак, изгледа дека војвотката од Кембриџ, која е во 13-тата недела од бременоста, ги надмина лошите денови и повторно блесна пред фотообјективите.

Таа и принцот Вилијам се појавија на церемонијата по повод доаѓањето на претседателот на Сингапур, Тони Тан Кенг Јам.

Најомилената принцеза на светот во својот препознатлив стил не ја оттргна насмевката од лицето и очигледно добро се забавуваше за време на дружењето со сопругата на Кенг Јам.

Според информациите добиени од палатата Мидлтон треба да го роди своето второ дете во април следната година.

Иако постојат многу шпекулации околу полот на детето, Кејт и Вилијам се уште не откриваат дали принцот Џорџ ќе добие братче или сестричка.