Кејт Мидлтон во прекрасен фустан за празничните свечености

Позната по добриот стил и вкус, Кејт Мидлтон совршено се снајде за новата модна задача – како да се облече за празничката свеченост?

Таа успеа да го донесе вистинскиот дух на новогодишни и божиќни празници кога се појави на забавата на Центарот Ана Фреуд. Новогодишните декорации и доброто расположение беа присутни во големата сала во која се оддржа оваа свеченост.

Не можевме, а да не приметиме дека Кејт многу се забавува заедно со децата и нивните родители. Целото случување го дополни музичкиот бенд и фантастичните тапани, на кои дури ни Мидлтон не можеше да им одоли.

Што се однесува до модната комбинација, Кејт одбра совршен аутфит за школската свеченост, водејќи се по правилото: никогаш не можете да погрешите со црвен фустан.