Кејт Мидлтон во едно поинакво издание

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, на само 11 години го истакнала својот актерски талент со учество во училишниот мјузикл „My fair lady“.

Во овој мјузикл, фонетичарот Хенри Хигинс, со часови ја учел Кејт на правилен англиски јазик, а се’ со цел во најдобро светло да ја прикаже во високотo друштво.

Војвотката ја засмејувала публиката со својот акцент, а 15 години подоцна допре до врвот на светската политичка и општествена елита.

Ова не била единствената претстава на Кејт, бидејќи две години подоцна ја толкувала главната женска улога во мелодрамата „Murder in the red barn“.