Кејт Мос планира свадба во Грција

Славната манекенка Кејт Мос најверојатно ќе се омажи за својот пријател Николај фон Бизмарк на мала свеченост после Божиќ, зашто тогаш ќе се разведе од претходниот сопруг Џејми Хинс. Идниот сопруг на ѕвездата е фотограф и наследник на Железниот канцелар Ото фон Бизмарк.

Само пред пет години Кејт се омажи во Котсуолдс а гитаристот на групата „Килс“, Џејми Хинс.

kejt
Според таблоидите, Кеј Мос и фон Бизмарк се одлучиле да се преселат во Грција, бидејќи токму таму пламнала нивната љубов минатото лето, односно на јахта во близина на брегот на островот Кефалонија. Кејт од неодамна носи голем прстен со сафир и дијамант. Николај ја запросил Кејт минатиот месец на романтична вечера во Венеција.

EXCLUSIVE Kate Moss is seen enjoying dinner at Scott's in Mayfair with boyfriend Count Nikolai von Bismarck and friends

Меѓутоа, покрај овие вести, таблоидите не пропуштаат да потсетат дека и идната брачна двојка би можела да биде ставена пред сериозни предизвици, особено што и Мос и нејзиниот избраник водат прилично распуштен живот полн со дрога и алкохол.
Но, уште пошокантни вести пристугнуваат од Америка, од каде што американските новинари тврдат дека манекенката не му е верна на идниот сопруг и дека ја обновила романсата со Џони Деп.