Кејт Винслет: Ќе бидам непријатно изненадена ако Леонардо ди Каприо не земе Оскар

Британската глумица Кејт Винслет, и самата номинирана за Оскар, изјави дека ќе биде непријатно изненадена ако нејзиниот партнер од „Титаник“ Леонардо ди Каприо ни овој пат не освои Оскар.

Таа во Лондон изјави дека дури и другите номинирани едноставно знаат дека ова е годината во која Леонардо ди Каприо ќе освои Оскар и тоа пет пати откако беше номиниран за истата награда.

– Навистина би била изненадена ако не добие Оскар, тоа би било неверојатно, вели Винслет.

Нејзиниот партнер од најновиот филм за Стив Џобс, Мајкл Фасбендер, исто така е номиниран за Оскар за најдобра машка улога.

Иако потенцира дека Мајкл е прекрасен глумец, Кејт е убедена дека ова е година на Лео.