Магазин

Кејт Винслет роди син

Кејт Винслет роди син

Кејт во саботата роди момче. И мајката и синот се чувствуваат одлично, вели портпаролот на актерката Кејт Винслет за британскиот весник „Дејли мејл“ и додал дека актерката и нејзиниот сопруг Нед Рокнрол се одушевени поради доаѓањето на бебето на свет.

 

На триесет и осумгодишната Кејт ова и е прво заедничко дете со Нед. Од претходниот брак ја има ќерката Миa (13), а синот Џои го доби со Сам Мендес.

 

Актерката за време на бременоста говореше дека обожува да биде мајка и дека родителството во целост го менува човекот.

 

„Животот се менува, а децата стануваат апсолутно се’“, вели актерката која за Нед се омажи ланскиот декември.