Кејтлин Џенер ќе стапи во брак по четврти пат

Кејтлин Џенер има 66 години но смета дека никогаш не е предоцна за љубов. По се изгледа, Џенер по четврт пат ќе застане на „лудиот камен“, но ова ќе биде прв пат тоа да го направи како жена.

Во најавата за новата сезона на реалното шоу „I am Cait“ Кејтлин Џенер пробува венчални фустани за својата венчавка.

Полека влегувам во женствената фаза, објави Кејтлин.

kejtlin-dzener-vo-brak-2

Поради овие наговестувања за свадбата, обожавателите почна да си го поставуваат прашањето: Која ќе биде невестата?

Американските медиуми во последно време пишуваат дека Кејт се зближила со Кендис Кејн  која исто така го промени полот.