Кекеновски исклучен од ВМРО-ДПМНЕ

На иницијатива на основачите и ветераните од ВМРО-ДПМНЕ, од партијата е исклучен Јове Кекеновски.

Дознаваме дека на иницијатива на повеќе основачи, ветерани и членови на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бутел, дисциплинската комисија на општинскиот комитет донесе одлука за исклучување од партијата на Јове Кекеновски.

Во причините за исклучувањето се наведуваат обидите за нарушување на угледот на ВМРО-ДПМНЕ и делување во спротивност на политиките и определбите на партијата.

Претседателот на Општинскиот комитет од Бутел, Боби Бојчевски, ја потврди информацијата за исклучување на Кекеновски додавајќи дека иницијативата дошла изворно од повеќе членови на партијата кои укажувале за повеќекратно прекршување на статутот на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Кекеновски и кои отворено искажувале незадоволство од неговото однесување.