Келам и Ковачев: Наследството на комунистичките режими се уште го разорува Балканот

Келам и Ковачев: Наследството на комунистичките режими се уште го разорува Балканот
Келам и Ковачев: Наследството на комунистичките режими се уште го разорува Балканот

Наследството на комунистичките режими се уште ги разорува државите од Западнито Балкан и мора некако да се запре. Ова е пораката што во нивните говори на денешната конференција „Западен Балкан: Кон европската иднина“ што во организација на ЕПП се одржува во Европскиот парламент во Брисел ја испратија европратениците Туне Келам и Андреј Ковачев.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Естонецот Келам потцрта дека бојкотите на парламентот од страна на социјал-демократите во Македонија и редицата други недемократски потези се доказ дека партиите и политичарите што произлегле од времето на комунизмот се уште како сенка висат над демократскиот живот во Македонија и во останатите држави од регионот.

– Ние се уште сме сведоци дека комунистичките режими имаат свое наследство на Балканот. Токму тие лица и политички опции ги влечат овие држави наназад и не дозволуваат да напредуваат. Токму таков е случајот со социјал-дмеократите во Македонија, кои го бојкотираа парламентот и направија редица други потези што немаат врска со демократијата, истакна искусниот европратеник Келам.

Бугарскиот пратеник во Европарламентот, Ковачев, пак, ги повтори зборовите на својот естонски колега, напоменувајќи дека тоа е клучниот проблем на балканските земји, притоа споменувајќи ги екс-југословенските тајни служби УДБА и КОС како некои што се уште имаат влијание во поранешните југословенски држави.

– Токму тоа комунистичко наследство ги влече балканските земји назад и онезвозможува тие да напредуваат. Затоа треба да сме чесни пред самите себеси и да се отворат архивите на УДБА и КОС за да видиме кои се нивните сорбаотници од медиумите, политиката и општествениот живот што се уште влијаат во некоја од државите на поранешна Југославија, беше дециден Ковачев.

Претходно, Жозеф Дол, претседателот на Еворпската народна партија, порача дека „ова што се случува во Македонија е театар што не може повеќе да се толерира и затоа се потребни избори“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.