Кели Брук: Горда сум на моите големи гради (видео)

Британската манекенка и актерка Кели Брук ќе игра во серијата „One Big Happy“, а веќе во првата епсизода згодната манекенка се појавува целосно гола.

Во неодамнешното интервју Кели призна дека е горда на своите женски атрибути и дека е свесна дека големите гради и донеле поединечни улоги.

-Знам дека дел од луѓето се шегуваат со девојките кои што имаат големи гради, но јас знам што правам. Свесна сум дека моите гради се големи и горда сум на своето тело, изјави Брук и откри дека нејзините гради се викаат Грант и Фил.

Манекенката која е позната по рекламните кампањи за долна облека во новата серија ќе ја толкува улогата на секси девојка која се нашла во необичен љубовен триаголник.

Продуцент на серијата е комичарката Елен Деџенерис.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.