Ќелијата на ИД во Германија ја предал четвртиот член на терористичката група

Според информации од германските безбедносни институции, планот за терористички напади бил откриен откако четвриот член на групата испратена во Европа од Исламска држава на француските власти им ги открил плановите на групата.

Терористот Салех А. доброволно и се предал на париската полиција на 1 февруари и признал дека заедно со тројцата сега уапсени Сиријци планирале големи терористички напади во центарот на Дизелдорф.

Салех А., за кого сега Германија бара да биде екстрадиран од Франција, изјавил дека има информации за „заспана терористичка ќелија“ на ИД која била подготвена да направи терористичи напад во Германија, но и покрај неговото признание истрагата за апсење на групата траела четири месеци.

Апсењето на тројцата терористи, кои покрај самоубиствени напади во центарот на Дизелдорф планирале и убиства со автоматско оружје и рачни гранати, се случи вчера во три германски покраини објави германскот јавно обвинителство.