Келн го изненади Лајпциг

Претпоследниот Келн приреди големо изненадување победувајќи го во неделата на гости во рамките на 24-то коло големиот фаворит РБ Лајпциг со 2:1.

Мечот започна лошо за Келн бидејќи домашните веќе во 5 минута поведоа со голот на Жан-Кевин Аугистин, Меѓутоа, во последните 20 минути гостите направија целосен пресврт. Винсент Козељо во 70 минута израмни, а Леоонрдо Битенкурт во 77 минута му ја донесе победата на Келн.

Претходно Баер Леверкузен на домашен терен беше совладан од Шалке 04 со 0:2, во меч во кој домашните од 38 минута играа без директно исклучениот Доминик Кохр. Гостите победија благодарејќи на головите на Гвидо Бургшталер во 11 и Набил Бенталеб во 89 минута од пенал.

На табелата води Баерн Минхен со 60 бодови, 20 бодови повеќе од пет клубови во бодовна разлика од два бода, почнувајќи од втората Борусија Дортмунд со 40 бодови, преку Шалке, Ајнтрахт и Баер Леверкузен и шестиот РБ Лајпциг со 38 бодови.