Кемал Киличдароглу: Со корупцискиот скандал Владата ја изгуби својата легитимност

Водачот на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) Кемал Киличдароглу, изјави дека како резултат на корупцискиот скандал, Владата во Турција на Реџеп Таип Ердоган ја изгубила својата легитимност, објави новинската агенција „ДХА“.

„Истрагата, започна со наоди за корупција и мито, во која се вклучени синови на министри и самите министри, продолжува со притисок врз судскиот систем, операција против полицајците кои се дел од истрагата, наметнување на цензура на печатот, различни забрани и блокирање на медиумите. Во целата досегашна историја, вклучувајќи го и отоманскиот период, Турција не се соочила со слична операција, со толку голема корупција. За прв пат во републиканската историја на Турција пред нас стои еден премиер, кој ја штити корупцијата. Токму поради тоа актуелната Влада веќе нема легитимитет. Оваа Влада веќе е едно неадекватна Влада“, посочи уште лидерот на турската опозиција, цитиран од новинската агенција „ДХА“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.