Догодина се воведува Кембриџ програмата за седмо, осмо и деветто одделение

Наредната учебна година се воведува Кембриџ програмата за седмо, осмо и деветто одделение.

Директорот на Меѓународниот центар за наставни програми  – Кембриџ, г-дин Мајкл О’саливан и директорот на Бирото за развој на образованието на Република Македонија, г-ѓа Весна Хорватовиќ, во присуство на министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска потпишаа договор за соработка во областа на адаптацијата на наставните програми по математика и предмети од природните науки за учениците во основно образование од седмо до деветто одделение.

Во оваа прилика Адеми истакна дека една од најголемите реформи во образованиот систем во Република Македонија, е имплементација на наставните програми подготвени од  Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ.  Наставата по „математика“ и „природни науки“ , која започна во 2013 година,  успешно се реализира од прво до шесто одделение, и дава  исклучително позитивни резултати.

Денска таа соработка овозможува во целост да го заокружиме процесот во основното образование, преку потпишување на нов договор, кој предвидува преминување на следното имплементациско ниво на реформата, односно воведување на наставни програми по „математика“ и „природни науки“  за учениците од седмо до деветто одделение, кое ќе започне во учебната 2016/2017 година, рече Адеми.

kebridz-programa-2

Владата на Република Македонија…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.