Кендo младите од Ѓорче се со тебе (ФОТО)

Случајно или не, на денот кога беше најавено претставувањето на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници на општината Ѓорче Петров, Владо Мисајловски Кендо, на Град Скопје, Коце Трајановски, и на носителот на листата на советници во Советот на Град Скопје, Христијан Мицкоски, изгоре до темел семејниот дом на Кендо.

–Се запали нашата семејна куќа, изгоре до темел. Но, јас сум денес многу среќен човек. Моите родители се живи и здрави и имам многу, многу пријатели. Тоа е нешто непроценливо. Само снајпери горе ќе ме запрат, ништо друго. Ни тоа нема да ме запре.Ѓорче ќе победи, ќе победи советничката листа, ќе победи Градот Скопје, ќе победи ВМРО-ДПМНЕ во цела Македонија, рече Мисајловски пред своите сограѓани, соседи, блиски.

Ѓорчепетровци, пак, го отпоздравија со силна поддршка, со масовно присуство на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и со транспаренти „Кендо, младите од Ѓорче Петров се со тебе“.

Поддршка доби и од носителот на листата на советници во Советот на Град Скопје, Христијан Мицкоски.

–Кендо, знаат само да рушат, а ние знаеме само да градиме. Ќе го направиме Ѓорче поубаво и посплотено од кога и да било. Ќе ја направиме цела наша татковина поубава и посплотена од кога и да било, така и куќата. Они нека рушат, ние ќе градиме. Само тоа знаат.

На митингот се обратија и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и лидерот на партијата Никола Груевски.