Кендрик Ламар и Тејлор Свифт апослутни победници на доделувањата на Греми

Кендрик Ламар и Тејлор Свифт апослутни победници на Греми наградите. Најголемите ѕвезди од музичката индустрија синоќа се собраа во Стејплс центарот во Лос Анџелес на 58-то издание на доделувањето на „Греми“ наградите.

Кендрик Ламар ја заврши вечерта со најмногу освоени награди. Американскиот рапер беше номиниран во единаесет категории, а дома однесе пет златни грамофони, меѓу кои за Најдобар рап албум за „To Pimp a Butterfly“, Најдобра рап песна за „Alright“ и Најдобра рап изведба.

Тејлор Свифт победи во три категории, а беше номинирана во седум.

Сепак, 26-годишната пејачка имаше огромен повод за славење затоа што стана првиот женски изведувач во историјата кој двапати ја има освоено наградата Албум на годината.

Свифт победи во таа категорија во 2010 година со „Fearless“, а оваа година со „1989“. Златни грамофони завршија во рацете на Свифт и за победата во категориите Најдобар вокален поп албум и Најдобро музичко видео за „Bad Blood“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.