Кенијците Роп и Матебо победници на 30. Охридски Меѓународен атлетски маратон

Турските власти денеска уапсија барана терористка од Курдската работничка партија (ПКК) на истанбулскиот аеродром Ататурк.

Ебру Ферат, која е позната под името „Амара“, била притворена при нејзиното пристигнување во Истанбул по претходно добиен сигнал.

Полицијата моментно ја сослушува Ферат, за која има информации дека пристигнала во Истанбул со цел да изврши терористички напад.

Терористката е забележана на многу фотографии заедно со еден од лидерите на ПКК, Мурат Карајлан кои биле објавени во медиумите.