Кениска маратонка на сослушување

Атлетскиот сојуз од Кенија следниот четврток ќе одржи сослушување по повод користењето на допинг во случајот на маратонката Рита Џепту.

Во соопшението се наведува дека лекарската и анти-допинг комисијата на Атлетскиот сојуз на Кенија ќе изврши сослушување на кое ќе присуствува Рита Џепту, двајцата тренери, како и нејзиниот личен агент.

Трикратната победничка на Бостонскиот маратон и двократната победничка на маратонот во Чикаго Џепту во септември падна на допинг тестот.

Исто така нејзиниот б примерок бил позитивен на допингот на крвта ЕПО, тврдат медиумите.

Покрај 33-годишната маратонка, на сослушување ќе бидат поканети и тренерите Клаудио Берардели и Ноа Бусинеи како и агнетот Федерико Роса.

Доколку злоупотребувала стимулативни супстанци Џепту се соочува со двегодишна суспензија.