Свет

Кениската опозиција тврди дека се убиени стотина демонстранти

Кениската опозиција тврди дека се убиени стотина демонстранти

Кениската опозиција во саботата ги обвини безбедносните сили дека убиле повеќе од стотина луѓе, вклучително и деца, во задушувањето на немирите кои се поразени по изборите на кои повторно е избран досегашниот претседател Угуру Кенијата.

Опозициските партии не изнесоа досега ниеден доказ за своето тврдење, а агенцијата Reuters досега успеала да потврди само 11 убиени ширум земјата.

Истакнат член на опозициската Национална супер коалиција NASA Џејмс Оренго на конференцијата за медиумите изјави дека полицијата го започнала насилството. Неговиот колега Џонсон Мутама истакна дека коалицијата нема да попушти под притисокот.

Кениската влада го отфрли обвинувањата дека безбедносните сили при задушувањето на насилните протести кои избувнаа по изборите користеле боева муниција, пренесува агенцијата DPA. Во соопштението се додава дека немаат информации за смртните случаи, спротивно извештаите кои говорат за неколку убиени.

Кенискиот Комитет за човекови права зборува за 24 смртни случаи од почетокот на изборите во вторникот, од кои поголемиот број биле во главниот град Најроби.

„Полицијата не користеше боева муниција над мирољубивите демонстранти“, истакна министерот за внатрешни работи Фред Матијанг’и, но некои од демонстрантите ги опиша како „опортунистички криминалци и ганстери“ кои требало да бидат запрени бидејќи ја користеле политичката ситуација во државата за нивните криминални активности, пренесува DPA.

Меѓународната организација Amnesty International ги повика кениските власти да ги истражат смртните случаи.

Кениската изборна комисија прогласи во петокот дека актуелниот претседател Кенијата го добил вториот и последен според уставот петгодишен претседателски мандат на изборите кои се одржаа оваа седмица, и покрај забелешките на опозицијата за чесноста на изборниот процес. Кенијата е избран освојувајќи 54,27 отсто од гласовите, а неговиот главен противакандидат опозицискиот челник Раила Одинга од етничката заедница Луо, добил 44,74 отсто. Опозицијата ги оспорува резултатите и предупредува на „голема изборна измама“.