Кери на балканска турнеја, Македонија не е на агендата

Како што се наведува во соопштението од Стејт Департментот, Кери на 30-ти ноември, ќе му се придружи на претседателот Барак Обама на Самитот за климатски промени кој ќе биде одржан во Париз, а потоа на 1-ви декември во Брисел ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатијата на државите-членки на НАТО.

Од Брисел, во посета на Приштина, Белград, Никозија и Атина

Од Брисел, Кери патува за Приштина, каде ќе разговара со тамошните официјални претставници.

Државниот секретар на САД, потоа ќе допатува во Белград, каде на 3-ти декември ќе учествува на состанокот на министри на ОБСЕ, а ќе има и состанок со претставниците на цивилното општество од државите кои се членки на организацијата.

Кери на 3-ти декември ќе ја посети и Никозија каде ќе има билатерални состаноци, но и средба со лидерите на кипарските Турци и Грци со цел да ги охрабри да ги продолжат приговорите.

Потоа на 4-ти декември ќе ја посети Атина каде со претставниците на грчката влада ќе разговара за билатерална прашања, вклучувајќи ја миграциската криза и економските теми.

Ова инаку ќе биде прва посета на Кери во регионот на Западен Балкан во функција на американски државен секретар.