Свет

Кери: Египет се наоѓа во „критичен момент“

Кери: Египет се наоѓа во „критичен момент“

Американскиот државен секретар Џон Кери, кој во неделата допатувал во изненадна посета во Каиро, побарал од поранешните египетски воени лидери да дозволат повеќе политички слободи, предупредувајќи дека Египет се наоѓа во „критичен момент“.

Кери е највисикоит американски претставник во посета на Египет откако на власт во оваа земја дојде Абдех Фатах Ел Сиси напочетокот на месецов, во рамки на турбулентен процес на демократска транзиција после соборувањето на долгогодишниот египетски лидер Хосни Мубарак во 2011 година.

Посетата на Кери во регионот се доведува во врска со обидите за пронаѓање политичко решение за ситуацијата во Ирак, кадешто сунитските екстремисти во офанзива освоија подрачја на северот од земјата.

„Ова очигледно е критичен момент за транзиција во Египет, и предизвиците се огромни“ рекол Кери после разговорот со новиот шеф на египетскта дипломатија Самех Сукри.

Американскиот државен секретар рекол дека САД се многу заинтересирани тесно да „сорабуваат“ со новата египетска влада за „побрзо и поглатко“ да се помине патот до демократијата.

Откако Сиси во јули 2013 година го собори од власт својот првиот претседател на Египет избран на избори, исламистот Мухамед Морси, владата насилно се пресметуваше со неговите поддржувачи и во судирите загина повеќе од 1400 луѓе, а најмалку 15.000 се притворени.

САД објавија дека издвоиле воена помош во вредност од 575 милиони долари наменета за Египет, која била замрзната од соборувањето од вледателот Мохамед Морси минатата година.

Како што пренесува Би-Би-Си, соопштението е објавено во момент кога американскиот државен секретар Џон Кери во посета на Каиро, само две недели откако поранешниот командант на египетската војска Абдула Фатах ал Сиси положи заклетва како претседател.

Претставниците на Стејт департментот соопштиле дека воена помошме одобрена на властите во Каиро пред десетина дена , откакот е добиено „зелено светло“ од Конгресто.

Средствата ќе бидат искористени претежно за реализацијана постојните договори во областа на одбраната, наведува Би-Би-Си.

САД ветија дека ќе обезбедат и 10 хеликоптери од типот „Апачи“ кои египетсктата војска би ги користела во борба против екстремистие на Синајскиот полуостров.

Кери во текот на посетата на Каиро изјавил дека со претседателот Сиси имал отворени разговори за низа прашања и нагласил силна поддршка на САД за почитување на сите права и слободи во Египет, вклучувајќи ја и слободата на изразување и мирно собирање, пренесува Би-Би-Си.