недела, 4 декември 2016  |  Вести денес: 13

Кери: Европа итно да ги спречи нападите

- Мислам дека сите сме загрижени, бидејќи во изминатите неколку години странски борци се враќаат од Сирија и други места и се стопуваат во заедниците, рече Кери во емисијата „Face the nation“, на Си-Би-Ес.

keri

Последни вести

Европа се соочува во итна ситуација да ги спречи новите напади на екстремистите по оние во Брисел, кога во напади на бомбаши самоубијци на Исламска држава загинаа 31 лице, а 340 се ранети, изјави американскиот државен секретар Џон Кери.

– Мислам дека сите сме загрижени, бидејќи во изминатите неколку години странски борци се враќаат од Сирија и други места и се стопуваат во заедниците, рече Кери во емисијата „Face the nation“, на Си-Би-Ес.

Кери истакна дека најновите напади покажуваат дека џихадистите се и натаму сериозна закана и надвор од земјите, зафатени со војна.

– САД бараат дополнителни проверки и веќе некое време соработуваат со белгиските власти, обидувајќи се да ги пополнат празнините, за кои сме свесни дека постојат, рече Кери.

Најчитани вести