вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 45

Кери ги повика Иран и Саудиска Арабија на дијалог

keri

Последни вести

Американскиот државен секретар Џон Кери повеќе пати разговарал со претставници на Иран и Саудиска Арабија, барајќи од нив одржување дијалог, соопшти Стејт департментот.

Кери изминатите 24 часа разговарал со еден од принцовите престолонаследници на Ријад и со министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија и Иран.

Тој нагласил колку е важно да продолжат напорите за постигнување на  мировна спогодба во Сирија, изјави неговииот портпарол Џон Кирби.

Според САД острата криза во односите меѓу двете земји засега нема негативно влијание врз борбата против терористичката групација Исламска држава, ниту врз меѓународните преговори за Сирија, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернест.

Според неге Ријад и Техеран се вклучиле во меѓународните преговори за стабилизирање на Сирија не од учтивост, туку затоа што саудиските и иранските лидери заклучиле дека во интерес на нивните држави и граѓани е да се обидат да ја регулираат ситуацијата во Сирија.

Министрите за надворешни работи на арапските земји од Персискиот Залив ќе се состанат во сабота на 9 јануари во Ријад на вонредна седница, посветена на односите со Иран.

Односите меѓу Ријад и Техеран се влошија по егзегуцијата на саудискиот шиитски духовен лидер Нимр ал Нимр во Саудиска Арабија.

Најчитани вести