Кери го обвини Дамаск дека ги попречува мировните преговори во Женева

Државниот секретар на САД, Џон Кери го обвини сирискиот претседател Башар ал Асад за саботажа на мировните преговори, повикувајќи ја Русија да изврши притисок врз сојузникот да преговара со опозицијата, пренесе „АП“.

„Во овој момент Башар ал Асад не учествува во дискусија на ветените и потребните стандарди, за кои зборуваше Русија и за кои зборуваше режимот“, рече Кери на прес-конференција во Џакарта по средбата со индонезискиот министер за надворешни работи, Марти Наталегава.

Според зборовите на првиот дипломат на САД, сириската владина делегација во Женева „одбива да започне еден елемент од дискусијата, имено – преодната влада, што ќе го замени режимот на Асад“.

„Совршено јасно е дека Башар ал Асад сака да победи на бојното поле, наместо да дојде на преговарачката маса со добра волја“, рече Кери.

Минатата недела во Женева заврши вториот круг од мировните преговори, на кои засега нема напредок кон договорот за прекин на тригодишната граѓанска војна во Сирија.

Денес државниот секретар на САД упати и остри зборови кон Москва.

„Русија треба да биде дел од решението, а не да испорачува уште толку оружје и уште толку помош за Сирија, што во пракса му овозможува на Асад да ги удвои влоговите“, изјави Кери.

Според него Москва изјавила пред Вашингтон дека сака да помогне во создавањето на преодна влада, но не вложила „некакви напори за создавање на некаква динамика за остварување на тоа“.
“Русия трябва да бъде част от решението, а не да доставя още толкова оръжия и още толкова помощ, че на практика да позволи на Асад да удвои залозите”, заяви Кери. По думите на Кери Москва е заявила пред Вашингтон, че иска да помогне за създаването на преходно правителство, но не е положила “някакви усилия за създаването на някаква динамика за постигането на това”.