Кери и Ештон денеска во Украина

Државниот секретар на САД, Џон Кери и високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, денеска ќе ја посетат Украина, пренесоа украинските медиуми, повикувајќи се на портпаролот на МНР на Украина.

Портпаролот посочил дека за време на посетата Џон Кери ќе се сретне со вршителот на должноста претседател на Украина, Александар Турчинов и со премиерот Арсениј Јаценјук. Се очекува главно прашање на дискусиите да биде политичката ситуација во Украина и ситуацијата во Крим.

Според портпаролот, посетата на Кетрин Ештон ќе трае од четврти до петти март.

Покрај тоа, денес во Украина ќе пристигне претставникот на Организацијата за безбедност и соработка (ОБСЕ) за прашањата на слободата на говорот Дуња Мијатовиќ. Во среда нејзиниот колега за националните малцинства од ЕССЕ ќе го посети Крим, каде ќе се сретне со сите земји вклучени во конфликтот.

Во средата со украинското раководство ќе се сретне и претставникот на Обединетите Нации, Јан Елиасон.