Кери и Лавров ќе разговараат за ситуацијата во Украина

Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Серегеј Лавров денеска во Женева ги отпочнаа разговорите во Украина. Разговорите следат една недела откако Кери ја обвини Москва дека „го лаже во очи“ кога станува збор за конфликтот.

Тие двајца се ракуваа пред камерите, но атмосферата беше напната и не дадоа никакви изјави, наведува агенцијата AFP, пренесува Танјуг.

Додека на украинските фронтови е релативно мирно, на Лавров му престојат тешки разговори со Кери кој минатата недела рече дека руските власти водат „пропагандна“ кампања и го „лажат во очи“ кога станува збор за испраќањето војници и оружје за проруските сили во источна Украина.

Се очекува дека Кери, исто така ќе изврши притисок врз Лавров да се прогрижи Москва да ја спроведе веродостојната истрага за убиството на рускиот опозициски лидер Борис Немцов.

Киев и Москва денеска ќе ги почнат и разговорите за решавањето на конфликтот околу гасот што би можело негативно да се одрази на испораката во Европа, откако Русија почна да ги снабдува деловите на источна Украина коишто се под контрола на проруските сили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.