Кери: Мора да се формира глобална коалиција против исламистите

Американскиот државен секретар, Џон Кери, се заложи за формирање на глобална коалиција која ќе се бори против организираната Исламска држава во Сирија и на северот од Ирак.

Една недела пред самитот на НАТО во Велс, на кој ќе се соберат лидерите од целиот западен свет, Кери се задолжи за „обединета акција на чело со САД и најширока можна коалициска држава“, пренесува Њујорк тајмс.

Највисоките американски дипломати соопштија дека тој и секретарот за одбрана Чак Хегел ќе разговараат со дипломатите од европските сојузнички земји со кои ќе ја создадат коалициската држава.

Американскиот претседател, Барак Обама, најави дека ќе биде изнесен план против Исламскара држава на Самитот на Советот за безбедност на Обеднетите Нации во септември кога САД ќе претседатева со ова тело.

„Ние ќе ја искористиме оваа прилика да продолжиме со градење на широка коалиција и укажување на опасност која ја претставуваат терористите, вклучувајќи ги оние кои и се придружија на Исламската држава“, изјави Кери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.