Кери: Можно е денеска да се постигне договор за иранската нуклерана програма

Американскиот државен секретар Џон Кери изрази надеж дека договорот со Иран може да биде постигнат уште денеска, објави МИА.

Кери по разговорот со иранскиот колега Џавад Зариф изјави дека верува дека се движат кон реални решенија.

Претходно за ТАСС претставник на една од земјите од меѓународната шесторка изјави дека во текот на минатата ноќ бил постигнат напредок по преостанатите спорни прашања од конечниот договор за иранската нуклеарна програма.

Руското министерство за надворешни работи објави дека рускиот министер Сергеј Лавров денеска планира да пристигне во Виена за да учествува во преговорите.

Висок ирански службеник изјави дека денеска може да биде постигнат договор меѓу Техеран и меѓународната шесторка, додавајќи дека остануваат некои прашања што треба да бидат решени од министрите за надворешни работи.

Германското министерство за надворешни работи објави на „Твитер“ дека преговорите за иранската нуклеарна програма дошле до решавачка фаза, јави ДПА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.