Кери: Не сме подготвени за играње игри со Русите

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска изјави дека САД и нејзините сојузници не се подготвени да играат игри со Русија и дека ја разгледуваат можноста за воведување дополнителни санкции за Москва заради нејзината улога во кризата на истокот на Украина, објави МИА.

– Русија во текот на изминатите неколку дена се впушти во апсолутно дрзок и циничен процес, рече Кери на почетокот на состанокот со својот британски колега Филип Хамонд, пренесуваат британските медиуми.

– Ние разговараме за дополнителни санкции, за дополнителни напори, и уверен сум дека во следните неколку дена на луѓето ќе им биде јасно дека ние не сакаме да ја играме оваа игра…и да бидеме дел од ваков вид исклучително кукаквичко однесување, истакна Кери.

Украина и САД ја обвинуваат Русија за трупање војници и оружје на истокот од Украина во судирот што е продолжен и покрај официјалното стапување на сила на прекинот на огнот на 15 февруари.