Кери пристигна во Саудиска Арабија

Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна синоќа во Саудиска Арабија, каде ќе се сретне со сојузниците на Вашингтон од Персискиот залив во борбата против групата „Исламска држава“, пренесува МИА.

Кери допатува од Швајцарија, каде изминатите три дена имаше разговори со иранскиот колега Мохамад Џавад Зариф. Тој ќе ги запознае колегите од Заливот со резултатите од преговорите за нуклеарната програма на Техеран.

Сунитските држави од Заливот се загрижени поради приближувањето на шиитски Иран и Вашингтон.