Кери: Путин ја дестабилизира Украина

Американскиот државен секретар Џон Кери го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека ја дестабилизира Украина така што ја „одзема земјата“, препупредувајќи ја Москва дека проруските сили не ги исполниле условите за прекин на огнот, пренесува Танјуг.

Кери на Одборот за надворешни работи во Сенатот на САД изјави дека Путин спроведува политика која „ги крши сите меѓународни норми“ и дека во Луганск, Доњецк, а сега и во Делбалцево охрабрил и директно овозможил одземање на земјата за да ја дестабилизира Украина.

Кери вчера на седницата на Одборот со подготвениот текст, изјавил дека долго време почитувањето на меѓународните граници и непревземањето територии на сила било стандард за кој се бореле државите.

Кери во вторникот директно ги обвини руските лидери дека го „лажат додека го гледаат во очи“ што се однесува до конфликтот во Украина, пренесе АФП.

-До денес, ниту Русија, ниту силите што таа ги поддржува ниту одблиску не успејаа да го исполнат она за што се заложуваа, изјави Кери на Одборот и предупреди дека во случај на понатамошните неуспеси ќе има и понатамошни последици за руската економија.