Кери: Рамковниот договор со Иран е солидна основа за иден конечен договор

Постигнатиот рамковен договор со Иран и меѓународната шесторка е солидна основа за иден конечен договор, со кој ќе се стави крај на 12-годишниот нуклеарен спор меѓу Техеран и Западот, изјави американскиот генерален секретар Џон Кери, пренесува МИА.

Со договорот Иран прифаќа значително да ја ограничи својата нуклеарна програма, со цел да нема услови за развој на атомска бомба, истакна Кери.

Количините ураниум ќе бидат намалени за 98 проценти во период од 15 години, подземната инсталација во Фордо ќе биде трансформирана и таму повеќе нема да се збогатува ураниум, а реакторот со тешка вода во Арак, исто така, ќе биде модификуван со цел да не произведува плутониум, појасни американскиот генерален секретар.

Кери истакна дека САД остануваат силно загрижени од дестабилизирачките активности на Иран во регионот и поради тоа сметаат дека нуклеарниот договор е од клучно значење. Тој нагласи, дека повлекувањето на санкциите против Иран ќе зависи од неговото исполнување на условите од договорот.

– Санкциите ќе бидат етапно укинувани, што ќе се одрази на економијата на Иран. Ако во некој момент стане јасно дека Иран не го исполнува договорот, санкциите може повторно да бидат вратени, истакна Кери.

Американскиот генерален секретар нагласи дека Вашингтон се консултирал со Израел и арапските сојузници во Заливот и потврдил дека САД продолжуваат да се ангажираат за нивната безбедност.