Кери: Русија треба да работи за прекин на огнот во Украина

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави денеска дека е критично важно за Русија да работи за прекин на огнот во источниот дел на Украина, пренесува БТА.

Кери вчера во Сочи оствари средба со рускиот претседател Владимир Путин.

– Се наоѓаме во критичен момент за Русија и сепаратистите, кои треба да дејствуваат во правец на почитување на договорите од Минск – истакна Кери во Анталија, каде денеска ќе се одржи средба на министрите за надворешни работи од земјите на НАТО.

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг повика примирјето веднаш да биде воспостaвeно.