Кери: САД и Кина треба да постигнат напредок во однос на неколку важни прашања

САД и Кина треба да постигнат напредок по прашањата како што се нуклеарните активности на Северна Кореја и ситуацијата во Јужнокорејското Море, изјави денеска американскиот државен секретар Џон Кери на средба со кинескиот министерот за надворешни работи Ванг Ји, пренесува МИА.

Очигледно пред себе имаме неколку важни прашања, на кои треба да побараме натамошно решение, рече Кери, определувајќи ја севернокорејската нуклеарна програма како „сериозен предизвик за глобалната безбедност“.

Вториот проблем, додаде тој се тензиите и активностите во Јужнокинеското море.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.