Кери се движи на патерици, наскоро се очекува да биде пуштен од болница

Американскиот државен секретар Џон Кери кој беше опериран откако скрши коска на десната нога, почна да се придвижува со патерици, соопшти портпаролката на Стејт департментот Мари Харф.

– Државниот секретар вчера беше информиран за извештаите за ситуацијата во Јемен, Сирија, Ирак, Украина и Куба како и за климатските промени, изјави таа.

Лекарите од болницата наведуваат дека фрактурата е целосно опоравена и нема да му попречи на Кери во извршувањата на обврските, наскоро се очекува негово пуштање од болницата. Кери се повреди возејќи велосипед во францускот департмент От Савоа.