Свет

Кери со ултиматум – Асад да си заммине од власт до 1 август

Кери со ултиматум – Асад да си заммине од власт до 1 август

Американскиот државен секретар Џон Кери ја предупреди сириската Влада и нејзините сојузници во Москва и Техеран дека имаат рок до 1 август да почнат со политичка транзиција да биде симнат до власт претседателот Башар Асад. Во спротивно според него, ќе се соочат со последици поради новиот американски пристап во завршувањето на граѓанската војна во Сирија.

– Рок за транзиција е 1 август, изјави Кери на прес конференција. Сега е мај и или нешто ќе се случи во следните месеци или ќе се бара сосема поинаков пристап, нагласи Кери.

Тој го осуди нападот врз болница во Алепо во кој вчера загинаа 20 луѓе и рече дека проектилот е најверојатно испукан од територија под контрола на бунтовниците.

Кери предупреди дека една од главните последици може да биде целосно поништување на примирјето и враќање во состојба на војна.

– Не мислам дека Русиај тоа го сака. Не мислам и дека Асад би имал корист од тоа. А може да зборуваме за други последици. Тоа останува за иднината, наведе Кери.

Според него, САД и Русија работат на детали за трајно примирје за Алепо. Кери потенцира дека им пренел на своите колеги во Москва и Техеран дека во Сирија нема да има мир се додека не бидат подготвени за нова сириска влада.