петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 75

Кери во посета на Брисел

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска ќе ја посети Белгија, каде ќе биде пречекан од белгискиот премиер Шарл Мишел и од вицепремиерот и шеф на белгиската дипломатија Дидје Рејндерс.

keri

Поврзани вести

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска ќе ја посети Белгија, каде ќе биде пречекан од белгискиот премиер Шарл Мишел и од вицепремиерот и шеф на белгиската дипломатија Дидје Рејндерс.

Како што јави МИА, предвидено е Кери да го посети и Националниот аеродром „Завентем“, каде пред три дена беше извршен еден од двата терористички напади во кои вкупно загинаа 31 лице, а над 300 беа ранети.

Според најавите, Кери доаѓа во Белгија да го изрази своето „длабоко сочувство“ по терористичките напади во вторникот, а предвидено е тој да се сретне и со претставници на институциите на Европската унија во белгиската престолнина, како и в болница да ги посети американските државјани кои беа ранети во терористичкиот напад.

Кери ќе ја повтори силната поддршка на САД на белгиските напори во истрагата за нападите. Белгија и САД ќе продолжат да придонесуваат во меѓународната борба против насилниот екстремизам, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби, најавувајќи ја денешната посета на Кери на Белгија.

Најчитани вести