Кери загрижен што Хамас влегуваат во новата палестинска Влада

Џон Кери, државниот секретар на САД, изрази загриженост поради учеството на членови на Хамас во новата палестинска Влада за национално единство која денеска треба да положи заклетва.

Кери во телефонски разговор со палестинскиот претседател, Махмуд Абас изразил загриженост за улогата на Хамас во Владата и нагласил дека е важно новата Влада да го отфрли насилството, да го признае Израел и да ги почитува почитува потпишаните договори, рече портпаролот на Стејт Департментот, Џен Псаки.

„Претседателот Абас даде ветување дека новата Влада ќе биде во склад и ќе се придржува на тие принципи“, рече Псаки.

Фатах и Хамас, две спротивствавени крила на палестинскиото национално дивжење, на 23 април потпишаа договор со кој се става крај на политичката поделба која трае од 2007 година.

Фракцијата на Абас управува со палестинското подрачје на западниот брег на реката Јордан, а екстремистички Хамас, со појасот Газа, поради што и оваа област е под блокада на Израел.

Палестинскиот претседател Абас потврди дека новата Влада ќе биде составена од независни личности и технократи.

„Министри нема да бидат членови на Фатах и Хамас“, рече Абас.

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, ја повика меѓународната заедница да не брза да ја признае новата палестинска Влада за национално единство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.