понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 0

Керим ги претстави своите приоритети за Обединетите Нации во колумна во „Хафингтон Пост“

Срѓан Керим, македонскиот кандидат за генерален секретар на Обединетите Нации, ги најави своите приоритети за функцијата во колумна објавена на интернет агенцијата Хафингтон Пост, пренесе МИА.

srgan-kerim

Поврзани вести

Срѓан Керим, македонскиот кандидат за генерален секретар на Обединетите Нации, ги најави своите приоритети за функцијата во колумна објавена на интернет агенцијата Хафингтон Пост, пренесе МИА.

Керим вели дека, доколку биде избран на престижната позиција, ќе се залага за реформирање на Обединетите Нации, насочување на средствата за развој кон најмалку развиените држави и државите без пристап до море, и ќе се заложи за заштитата на лицата зафатени од мигрантската криза.

Вредноста на секој човечки живот мора да биде парадигмата низ која ќе ја решаваме мигрантската криза, дали во Европа или на другите места. Клучно е да ги отсликаме инклузивноста, солидарноста и инвентивноста, и да не заборавиме дека човечката историја е составена од постојана миграција на народите, пишува Керим во својата колумна во Хафингтон Пост.

Наследникот на Бан Ки-мун, според правилата на Обединетите Нации, ќе се бара во некоја од источно-европските држави, и Керим, како претставник на Македонија, е еден од кандидатите за највисоката позиција во светската организација. Во колумната, Керим вели дека како и во секоја 70 години стара институција, неопходно е да се спроведат реформи на Обединетите Нации, како во начинот на нивното менаџирање, така и да се отслика родовата еднаквост и еднаквата застапеност на разните светски региони во ОН.

Кандидатот Керим најавува дека ќе се залага за реализирање на целите за одржлив развој, бидејќи со намалување на економските разлики меѓу земјите кои се донатори и земјите кои се примачи на меѓународна помош, се намалува потребата од инвестирање во воени средства.

Обединетите Нации мораат да посветат особено внимание на најмалку развиените земји, земјите во развој кои се без пристап до море, и на малите островски земји во развој, чија безбедност е загрозена од климатските промени. Овие прашања треба да бидат високо на агендата на Генералниот Секретар, додава Керим.

Во врска со борбата против политичкиот екстремизам и тероризмот, Керим најавува дека основа на оваа борба треба да биде почитувањето на основните човекови права. “Обединетите Нации имаат неразделна улога во елиминирањето на сите форми на маргинализираност, радикализација, расизам, предрасуди, нетрпеливост и полова дискриминација, кои го создаваат насилството кое ескалира во екстремизам”, пишува Керим во својата колумна во Хафингтон Пост.

Најчитани вести