Керим меѓу првите тројца кандидати по првиот круг од гласањето за нов генерален секретар на ОН

Македонскиот кандидат за Генерален секретар на Обединетите нации, Срѓан Керим после првиот круг гласање во Советот за безбедност влезе во најтесниот круг заедно со Антонио Гутјереш од Португалија и Данило Турк од Словенија.

Во изборот за наследник на првиот човек на Светската организација Бан Ки Мун од регионот се пријавени Вук Јеремиќ, некогашниот шеф на српската дипломатија, поранешната министерка за надворешни работи на Хрватска Весна Пушиќ, некогашниот премиер на Црна Гора Игор Лукшиќ.

Во трката за позицијата генерален секретар на ОН се и генералната директорка на УНЕСКО Ирина Бокова од Бугарија, администраторката на Развојната програма на ОН Хелен Кларк од Нов Зеланд, министерката за надворешни работи на Аргентина Сузана Малкора, шефот на словенечката дипломатија Мирослав Лајчак, некогашниот шеф на молдавската дипломатија Наталија Герман и поранешниот извршен секретар во Рамковната конвенција на ОН за климатски промени Кристијан Фигуерес.

Изборот меѓу 12-те кандидати ќе трае долго се до октомври и ќе биде сложен.

Конечниот избор на Советот за безбедност ќе го потврди Генералното собрание на ОН.