ФОТО: Љубовникот не знаел дека украл предмет вреден 600.000 евра

ФОТО: Љубовникот на ќерката на скопскиот бизнисмен не знаел дека украл предмет вреден 600.000 евра

Уникатен предмет кој е единствен во свет и кој е проценет на дури 600.000 евра му паднал во рацете на измамникот Бобан А.(28) од населбата Драчево, кој пред три дена беше уапсен за кражба на семеен накит и антиквитети од стан на скопски бизнисмен, пишува ДНЕВНИК.

Љубовникот не знаел дека украл предмет вреден 600.000 евра, па по кражбата тој продал дел од златото, но за среќа не и вредните археолошки предмети. Дознаваме дека тој во предистражната постапка се бранел со молчење и не сакал да каже каде го скрил делот од украденото злато и антиквитети кои не биле пронајдени во претресот во изнајмениот стан во кој престојувал. Инспекторите, исто така, и од неговата мајка се обиделе да дознаат каде е скриен накитот, но и таа молчела.

Истрагата сега утврдува во кои златарски дуќани измамникот продал дел од уникатниот накит и колку пари зел од продажбата.

Kражбата се случила на почетокот на јуни кога измамникот кој не го кажувал своето вистинско име, а се претставувал како Мики или Мартин, успеал да ја измами и ќерката на бизнисменот со кого почнал љубовна врска. Додека нејзините родители биле на одмор тој успеал да го пронајде семејниот накит во луксузниот стан и украл повеќе парчиња, а дел од накитот продал во златарски дуќани.

Откако парите ги ставил в џеб и предложил на девојката да шетаат низ Македонија. Двајцата неколку дена престојувале во повеќе луксузни хотели во земјава каде што измамникот се расфрлал со украдените пари. Kога се враќале кон Скопје, тој по пат ги фрлил мобилниот телефон и платежната картичка за да не го лоцираат. Веднаш по пристигнувањето тој исчезнал и повеќе не и се јавил на девојката.

Полицијата треба да го докомплетира овој случај по што и за оваа измама ќе поднесе кривични пријава. По апсењето Бобан А. бил спроведен во затворот Идризово каде што требало да одлежи казна затвор од осум месеци за претходни измами.

Според евиденцијата на МВР, Бобан А. и претходно бил познат извршител на кривични дела од областа на имотните деликти и кривични дела против правосудството, за што од страна на СВР Скопје во периодот од 2013 до 2014 година му биле поднесени 15 кривични пријави.

Тој бил пријавуван за кражби, тешки кражби, затајување предмети, измами, лажно пријавување кривично дело и слично.

Украл и дијаманти

Бобан А. од станот на бизнисменот украл разновиден златен накит од 22 карати, дијаманти, брилијанти и други вредни парчиња накит, како и повеќе антиквитети и предмети со голема уметничка вредност. Неофицијлано, еден од вредните предмети што најверојатно бил украден има огромна парична вредност.

Станува збор за редок предмет за кој се претпоставува дека нема уште еден таков во светот. Вредноста на овој редок предмет ако бил продаден на аукција би достигнал 600.000 евра.

Повеќе прочитајте на ДНЕВНИК

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.