Ќерката на Џони Деп во улога на Исидора Данкан

Ќерката на Џони Деп во улога на Исидора Данкан. Лили Роуз Деп дефинитивно е ѕвезда која допрва блеснува.

Откако се појави во филмот „Туск“ минатата година ќерката на Деп само реди успеси, па во 2016-тата ќе бидат прикажани дури три филма во кои глуми таа.

Холивудскиот актер е навистина горд на својата наследничка која ја доби улогата во филмот „Танчерка“, филм кој говори за животот на Лои Фулер.

Лили Роуз ќе ја толкува улогата на познатата Исидора Данкан, мајката на современиот танц, која имала клучна улога во животот на Лои Фулер.

Покрај ова, ќерката на Џони Деп и на Ванеса Паради ќе се појави и во филмот „Планетариум“ заедно со Натали Портман, а неодамна сними едиторијал за „Вог“ и прошета на модната писта за време на ревијата на Шанел.