Ќерката го пронашла телото на убиената охриѓанка

Во тек на вчерашниот ден, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Охрид заедно со екипа на крим техника од МВР, изврши увид на лице место во стан каде беше пронајдено безживотното тело на шеесет и шест годишна охриѓанка. Настанот го пријавила ќерката на почината жена, која откако не можела да ја најде мајка ѝпо телефон влегла во станот во кој веќе било телото на починатата, информираат од ОЈО Охрид.

-При извршениот увид е констатирано дека на телото на починатата има видливи траги од насилство и дека во станот во кој таа е пронајдена е извршено разбојништво. Обвинителството нареди обезбедување на материјалните траги од местото на настанот, вршење на поголем број на вештачења, како и обдукција на телото на починатата жена, соопштуваат од Основното јавно обвинителство Охрид.

Дејствијата што ги презема Основното јавно обвинителство – Охрид продолжуваат во насока на расветлување на настанот, како и откривање на засега непознатиот сторител на кривичното дело.