Ќерката на Гадафи станува нов предводник на отпорот во Либија

Ајша Гадафи станува нов предводник на отпорот во клучен миг за земјата – пред новата интервенција на НАТО. Како генерал – полковник на либиската војска таа се заколна на лојалност кон својот легендарен татко и ги повика Либијците да се разбудат за да победат, да бидат успешни и „да ја вратат владата на Џамахирија“.

Ајша Гадафи гарантира дека во наредните месеци ќе формира „тајна влада“ од познати Либијци кои се лојални кон гадафи и која што ќе делува како посредник во Либија и во странство. Анализирајќи ја моменталната ситуација, таа ја критикуваше поранешната војска поради тоа што е „луда мешавина од анархисти“ и  одлучи да војува по принципот „се борам за оној што повеќе ќе плати“.

Ќерката на Гадафи ги обвини за користење на зеленото знаме на Џамахарија и за регрутирање на нејзините следбеници, како и за зајакнување на племенските влади, под чија сенка влегле во сојузништво со исламистите. Племињата Туарег и Тубу од ќерката на Гадафи беа обвинети за сепаратизам и за завера со владата во Тобрук.

Ајша Гадафи ги повика војниците од либиските вооружени сили да положат заклетва пред неа, како врховен командант, со цел да ја обнови државата.

Моето име ми дава должност и право да бидам на чело на оваа битка, напиша Ајша, која во војната го загуби сопругот и двете деца.

Денес таа е подготвена да стане симбол на нацијата и рамо до рамо со портретот на гадафи да стане симбол на мисијата за повторно национално единство. Говорејќи за Либијците како за нејзини деца, таа се спореди себе си со мајката што ќе се бори за сопствените деца.

Додека говореше за терористите на ал Каеда, кои го симнаа Гадафи во 2011-тата, Ајша вели дека нивната пропаст и смрт имаат здив на лудило и дека ќе се распаднат и ќе исчезнат. Таа напиша дека „ние сме подготвени за смртоносна битка“ во која терористите ќе се соочат со една нација.

Во заклучокот таа ветува потпишување на нов договор. Според гласините, печатената верзија на овој повик тајно била делена во главните градови во Либија – Триполи и Тобрук, а наскоро се очекува и нејзиниот говор на телевизија.