Ќерката на Јелена го видела убиството

Ќерката на свирепо убиената пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ го видела убиството.

Се слуши нешто страшно, ова е единствената реченица која петгодишната Јана ја изговорила во полиција во присуство на психолог и веднаш заплакала, дознава српски Курир.

Инспекторите на белградската полиција кои работат на расветлувањето на ова злосторство, преку базните станици проверуваат кој каде се наоѓал од нејзиниот најблизок круг непосредно откако Јелена исчезнала, бидејќи и понатаму се сомневаат дека семејството нешто крие, и дека убиецот имал најмалку еден соучесник. Извор близок до истрагата за српски Курир открива дека со Јана многу кратко разговарале два дена откако е убиена Јелена.

Не можевме многу податоци да добиеме од девојчето. Дете од пет години нама претстава за време, не знае колку е десет минути, а колку час, не може да потврди кога Јелена отишла да трча, колку била со нив, раскажа изворот.

Инаку вчера се појавија информации и дека сопругот на Јелена два пати паднал на полиграфското тестирање. Повеќе за ова на следниот линк.