Ќерката на Владимир Путин и нејзините богати пријатели

Сепак тоа не е случај и со претседателот. Според неговите поддржувачи, неговото владеење не обележано со голема желба за пари. Јавните податоци за неговата имотна сосотојба говорат дека тој е мошне скромен човек. Во април, Путин пријавил приход од 7, 65 милиони рубљи (119.000 долари), а исто така пријавил дека поседува два помали стана и дел од паркинг простор.

Сепак, неговата ќерка Катерина е многу подобро ситуирана, поради поддршката на богатите пријатели на Путин, пишува Ројтерс.

Кирил Шамалов, сопругот на ќерката на Путин
Кирил Шамалов, сопругот на ќерката на Путин

Првично во медиумите се појавија шпекулации за идентитетот на Катерина, но според заменик претседателот на руската Газпромбанка Андреј Акимов, Катерина во моментов го користи презимето Тикхонова.

Истрагата на Ројтерс исто така потврдила дека 29-годишната Катерина се претставувала како „сопруга“ на Кирил Шамалов, синот на Николај Шамалов кој е долгогодишен пријател на претседателот. Шамалов е косопственик на Банка Русија, која според претставници на САД е претставена како лична банка на руската елита.

Како брачна двојка, Кирил и Катерина би добиле корпоративни акции вредни околу 2 милијарди долари, пишува Ројтерс. Ова богатство доаѓа воглавно од големиот удел во компаниите за гас и нафта што Кирил ги добил од Генади Тимченко, уште еден долгогодишен пријател на Путин.

Младата брачна двојка исто така поседува вила покрај морето во Биариц, Франција, која се проценува дека вреди околу 3, 7 милиони долари.

Катерина исто така фигурира и во академските кругови и спроведува јавно финансирани проекти во Државниот Универзитет во Москва. Истражувањето на Ројтерс на јавно достапните документи покажува дека помладата ќерка на Путин потпишала договори врени повеќе милиони долари со владини организации за да се спроведува работата на организациите на универзитетот што таа ги раководи. Нема индикации дека таа се здобила до било каква финансиска корист од ова.

Младата брачна двојка исто така поседува вила покрај морето во Биариц, Франција, која се проценува дека вреди околу 3, 7 милиони долари.
Младата брачна двојка исто така поседува вила покрај морето во Биариц, Франција, која се проценува дека вреди околу 3, 7 милиони долари.

Таа се наоѓа…