Ќерката на Владимир Путин и нејзините богати пријатели

Добивките на берзата, договорите за државни работи, имотот во Франција и поврзаноста со олигархијата нудат поглед во животот на децата на Путин. Претседателот бил доста заштитнички настроен во однос на неговиот приватен живот, како и за животот на неговите ќерќи, кои ретко се појавуваат во медиумите. Трансакциите исто така нудат поглед во семејните финансии на најмоќниот човек во Русија, како и на елитата што се формирала околу него.

Катерина и Марија - Двете ќерки на Путин кога биле мали
Катерина и Марија – Двете ќерки на Путин кога биле мали

Катерина и Кирил се меѓу новата генерација Руси што уживаат во брзото искачување благодарение на нивните „добро поврзани“ родители.

Олга Криштановскаја, согиолог и поранешен член на партијата на Путин Обединета Русија, вели дека „нова аристократија“ испливува во политиката и во државните компании, а втората генерација го наследува статусот на моменталниот потесен круг околу Путин.

Ројтерс побарал одговор и од Кремлин дали Катерина Тикхонова е ќерка на Путин и дали е сопруга на Кирил Шамалов.

Дмитри Песков, портпаролот на Руската федерација одговорил:

Немаме информации за приватниот живот, семејните конекции, брачната состојба, академските активности и вклученоста во одредени проекти, како и за семејното потекло на Тикхонова, или пак за лицата што ги спомнувате во вашето писмо. Во изминатите години имаше голем број озборувања за семејните врски на Путитин и особено за неговите ќерки. Износот на точните информации во сето она што беше објавено е смешно мал.

Катерина досега воопшто не била присутна во јавноста откако нејзиниот татко стана претседател во 2000-тата година. Во 2011-тата, Путин за Руската телевизија изјави дека Катерина чита Ориентални науки, се специјализира за јапонски јазик и историја во Универзитетот во санкт Петерсбург.

Ова се скромните информации што и беа познати на јавноста до неодамна кога рускиот блогер Олег Кашин во јануари објави дека помладата ќерка на претседателот е активна во Московскиот Универзитет и дека го земала презимето Тикхонова, според името на нејзината баба Екатерина Тикхоновна Шкребнева.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.